Друштвото за производство, промет и услуги Ал-Демик дооел, увоз-извоз Струмица е основано 1996 година како претпријатие за градежно занаетчиство и е продолжување на работа на занаетчиска работилница која на пазарот во нашата држава стопанисува од 1964год., со тенденција на постојан пораст.
Вложувањето во истражување и развој во областа на градежното занаетчиство и посетата на саеми во оваа област, во последната деценија овозможија палетата на дејностите да се зголеми, погоните да се опремат со современи машини и континуирано да се зголемува бројот на вработени.
Денес друштвото успешно делува во своето работење на пазарите како во Македонија така и надвор државата.
Ал-Демик располага со производствени погони од 3.000м2 сместени во индустриската зона на излезот од Струмица кон граничниот премин со Бугарија. Има одлична комуникациска поврзаност како со локалните така и со пазарите од регионот. Релативната близина со Р.Грција овозможува градење на партнерства со значајни компании од оваа држава, со кои се зголемува квалитетот на услугите на Ал-Демик, раст на претпријатието и значајни извозни резултати.
Во моментов главна дејност на Ал-Демик е производство и вградување на алуминиумска браварија, а визијата на претпријатието во иднина е дејноста да ја комплетира со линија за производство на алуминиумски профили. |
|
|